Една од најпопуларните и современи форми на физичкото оптоварување се фитнес активностите, меѓу кои е и аеробикот. Програмите за аеробик се препорачуваат за оние кои сакаат да ја подобрат својата општо здравствена состојба или да постигнат максимална физичка спремност и самодоверба. Предностите кои може да ги добиете со аеробикот се следни:
- Вежбањето аеробик ќе Ве направи поздрави и посреќни.
- Во комбинација со здрава исхрана, вежбањето аеробик ќе Ви помогне да ги изгубите вишокот килограми, да ја зголемите својата издржливост.
- Аеробикот го зајакнува имунитетот.
- Со редовно вежбање ќе имате намален ризик од појава на кардиоваскуларни болести, остеопороза и дегенеративни болести на зглобовите.
- Ќе имате подобрена координација и рамнотежа.
- Аеробикот го олеснува чувството на депресија, ја намалува напнатоста поврзана со анксиозност и Ви овозможува релаксација.
- Ќе Ве одржува енергични, активни и витални.
- И за крај, истражувањата покажуваат дека луѓето кои учествуваат во редовните аеробик вежби живеат подолго од оние кои не вежбаат редовно. Доволно причини да ни се придружите во Play Fit Move Wellness!