Зумба-фитнес претставува програма на аеробни вежби каде што се вклучени елементи на танцување, односно, комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и на интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно. Музиката е клучната состојка на часовите по зумба. Кореографијата креирана со специфични тактови и менување на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење, вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио-движење, цели кон секоја мускулна група во телото.
Има многу придобивки од вежбањето зумба меѓу кои се и:
- добивање чувство на среќа и задоволство за време на вежбањето
- подобрена координација на телото до крајни граници
- моќна и видлива aнтистрес терапија
- трошење голем број калории кои се движат од 500 до 1000 калории на 1 час
- опфаќање на сите групи мускули во телото
- оваа дисциплина можат да ја вежбаат луѓе скоро од сите возрасти, само интензитетот ќе биде различен.