Криотерапија или ладна терапија ги стеснува крвните садови и ја намалува метаболичката активност, што доведува до пад на отоците и пад на ткивата. Кога по напорен тренинг ќе направите криотерапија, Вашите ткива се загреваат и доаѓа до побрзо течење на крвта. Исто така, ладната терапија покрај тоа што го спречува воспалението, помага да се ослободат метаболичките деривати од мускулите.
Криотерапијата може успешно да го забрза процесот на опоравување, да ја намали инфламацијата, да ја подобри циркулацијата, да ја зголеми енергијата и да помогне при слабеење. Индикации за примена на криотерапија се: затворени повреди, болка и оток кај воспаление на зглобовите, промена на мускулниот тонус кај заболување на централен нервен систем.
За детални информации контактирајте нѐ на 075 255 925.