Пилатесот се состои од приближно 100 вежби кои се наменети за затегнување на мускулите. Основата на пилатесот е внимателно контролирано дишење за подобра контрола на функционирањето на мускулите и координирање на движењата на целото тело.
Вежбањето пилатес има многу придобивки. Ова се некои од нив:
- ги зајакнува и тонира мускулите, без да се оформува непотребна мускулна маса;
- ја подигнува свеста за Вашето тело;
- го подобрува држењето на телото;
- го зајакнува ‘рбетот и го прави пофлексибилен;
- ја подобрува циркулацијата;
- ги олеснува болките во грбот;
- ја подобрува рамнотежата;
- добивате поголема контрола над дишењето;
- го намалува стресот, напрегнатоста и Ви дава енергија;
- Ве учи како да ги координирате телото, умот и духот;
- го подобрува Вашиот изглед и Ви ја зголемува самодовербата.