Функционалниот тренинг зафаќа поголем спектар на можности при вежбање и тоа за поширока маса. Функционалниот тренинг може да понуди многу повеќе опции, без разлика дали сте активен вежбач, познаник кон таквата проблематика или првпат почнувате и се соочувате со таков вид физичка активност. Тренинзите се прават од страна на тренерите.
Овој вид на тренинг е идеален за зацврстување на централниот дел на телото, издржливост, зголемување на брзината, флексибилност, мускулна издржливост, како и засилување на кардиоваскуларниот систем.
Вежбањето, исхраната и одморот се светата тројка за успешна приказна, без разлика дали сакате да слабеете или да зголемите мускулна маса, на патот кон визуелно обликувано и секако, здраво тело. Оптимално време за вежбање е 3-4 пати неделно, преку еден ден, за да има време телото да се рехабилитира и да се подготви за следниот тренинг. Меѓутоа има и луѓе, во зависност од физичката и кондициона подготвеност, што работат од 8 до 14 пати неделно, односно имаат тренинг два пати дневно. Индивидуално е. Повеќе информации за индивидуалните и групните тренинзи можете да добиете на 071 377 917 и 075 255 925.