Хидротерапија или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се користи поволното дејство на водата( ладна топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот. Хидротерапијата е докажана како високо-ефикасна форма на природна терапија која го стимулира ендрофинот кој пак Ви помага во контролирањето на болката и намалувањето на притисокот.Вежбите во вода се идеален начин за вежбање на зглобовите и мускулите. Водата им дава поддршка на зглобовите и го намалува притисокот врз нив со што го подобрува движењето и дејствува како отпор за вежбање на мускулите.