Сите вработени, клиенти и посетители на Фитнес Центарот мораат да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од Коронавирусот Covid-19:
- На секој вработен, клиент или посетител на Фитнес Центарот кај кој постои сомнеж дека има респираторни симптоми карактеристични за Covid-19 (температура, кашлица), не му е дозволен влез во Центарот и истиот може да биде отстранет од просториите.
- При секој влез во , задолжително треба да се дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција кое е видно поставено на повеќе локации, како и безконтактно мерење на телесната температура.
- Секој клиент задолжително користи своја крпа во фитнес салата. Ние немаме право да ви дадеме крпа.
- Задолжително е носење на чисти спортски обувки наменети за тренинг во фитнес сала.
- Термините за вежбање се ограничени на 1 час и 30 минути. Помеѓу секој термин е оставена времена разлика од 30 мин за дезинфекција на површините пред да влезе следната група клиенти.
- Целата спортска опрема, справи и другите контактни површини мора да се дезинфицираат пред и по секоја употреба. Средствата за дезинфекција се поставени во шишенца со распрскувач на повеќе локации во фитнес зоната и во соблекувалните.
- Задолжително е физичко растојание од 2м помеѓу секој корисник, односно користење на секоја втора справа.
Секој вработен, клиент или посетител кој не го почитува протоколот може да биде отстранет од фитнес центарот.