Секој од нас заслужува време за релаксација. Релакс масажата претставува вистинска техника за постигнување на тој единствен момент за себе, сè со цел ослободување од стресот. Релакс масажата на целото тело е нежна, ја олеснува мускулната напнатост, го намалува стресот, ја подобрува самата циркулација на крвта и помага при нискиот крвен притисок. Оваа масажа Ви ја враќа силата за справување со секојдневните активности, како физички така и психички, правејќи Ве ведри и позитивни.
Масажата ја негува, храни кожата и ја прави помлада, помека и посјајна, ги отстранува штетните материи од телото, го разградува целулитот и го доведува телото во состојба на природна рамнотежа.
Овој третман има за цел да Ве релаксира, да го подмлади целото тело во секој сегмент и длабочина. Релакс масажата се препорачува за чувство на опуштеност, освеженост и смиреност. Релакс масажата го опушта целото тело и сите сетила. Со релакс масажата циркулацијата се подобрува за осум пати.
Се препорачува по една релакс масажа во текот на неделата за сите што имаат проблем со циркулацијата, како и за луѓе кои што постојано стојат или седат на работното место и на луѓе кои што имаат тешка физичка или спортска активност.
Времетраењето на третманот е 60 минути.
Закажете го Вашиот термин на 075 255 925.
27/08/2020