Oтсега вежбањето и грижата за вашето тело може да ја надополните со дополнителна нега со професионални масажи и релаксација во луксузно опремениот СПА центар.

389 75 255 925
info@playfitmove.com.mk

Сауна

Сауната е извор на здравје, СПА центарот на PLAY FIT MOVE Wellness располага со финска и инфрацрвена сауна. Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и го ослободува од стресот, престојот во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања. Инфрацрвената сауна овозможува длабинска детоксикацијата на телото и кожата.

Дополнителни бенефити:

  • Сауните значително го подобруваат физичкото и менталното здравје.
  • Честите посети во сауна можат да Ви помогнат да го зајакнете имунитетот.
  • Топлината од сауната ја зголемува циркулацијата со што позитивно влијае на Вашето тело на два начина: ги спречува кардиоваскуларните болести и значително ја зголемува Вашата енергија.
  • Посетите во сауна помагаат за намалување на телесната тежина како и за детоксификација на телото.
  • Топлината од сауната ги шири крвните садови и ја намалува напнатоста во мускулите, па затоа може да се користи за намалување на болките во мускулите, рамената, грбот, вратот и главата.
  • Докажано е дека оние кои редовно посетуваат сауна имаат многу поубав тен, почиста и помека кожа.
  • Сауната има многу позитивен ефект на Вашето ментално здравје – Ве прави повеќе фокусирани, поуспешни и посреќни. Сауните се совршен простор во кои можете да се релаксирате и да го намалите стресот.

Категорија:

Date: