Oтсега вежбањето и грижата за вашето тело може да ја надополните со дополнителна нега со професионални масажи и релаксација во луксузно опремениот СПА центар.

389 75 255 925
info@playfitmove.com.mk

Спортска масажа

Спортската масажа е една од најважните третмани наменета за луѓе кои се физички активни и се занимаваат професионално или рекреативно со спорт. Спортската масажа не е фокусира само на мускулите,туку и на тетивите и лигаментите, кои при одреден спорт се изложени на значителни стресови.
Оваа масажа придонесува за отстранување на штетните материи од организмот, што со својата ефективност(релаксација на мускулите и намалување на количината на млечни киселини од телото) придонесува за брзо опоравување на организмот после спортските активности. За сите кои редовно се изложени на различни физички активности им се препорачува спортска масажа како превенција, да не дојде до одредена повреда и секако за опуштање на телото. Спортската масажа е добра и за лица со повреди, хронични болки или ограничен опсег на движења, придонесувајќи за опуштање на мускулите, тетивите и лигаментите, резултирајќи со благопријатно физичко и психичко дејство на телото.

За време на спортската масажа сите мускули на телото се истегнуваат на вистински начин.

Времетраењето на третманот е 60 минути. Закажете го Вашиот термин на 075 255 925.

Категорија:

Date: