Третманите и масажите со топло чоколадо се хит низ целиот свет.
Чоколадната масажа поради своите корисни ефекти стана една од најпопуларните масажи за релаксација. Масажата со топло чоколадо ја храни и регенерира кожата и ја враќа виталната сила, овозможува пријатно чувство на релаксација, опушта и го подобрува расположението. Оваа масажа влијае на психата на сетилото за мирис како ароматерапија.
Мирисот го стимулира производството на серотонин, хормонот одговорен за чувството на среќа и добро расположение, ја прави кожата помека и екстремно мазна, а истовремено ја обезбедува потребната цврстина. По пат на нежна стимулација на енергетските точки, овој третман ја враќа рамнотежата при протокот на енергија и ја намалува напнатоста и стресот. Резултатот по чоколадната масажа е смиреност, опуштеност и релаксација.
Закажете го Вашиот термин на 075 255 925.
28/08/2020