Масажа за опуштање на сите сетила. Шведската масажа ќе Ве релаксира комплетно, помага при ослободување на отрови од метаболизмот и ја подобрува циркулацијата на крвта. Тeхниките на Шведската масажа се разликуваат од другите видови масажи поради специфичноста во редот по кој се изведуваат. Разликата кај овој вид на масажа е дека се применува подлабок притисок. Техниките се особено корисни за спортисти, кои се подложни на сериозни физички вежби и оптоварување, со што се предизвикува таложење на млечна киселина во мускулите. Шведската масажа има различни медицински и терапевтски цели. Помага не само за олеснување на физичкиот, но и на емоционалниот стрес. Масажата е корисна за намалување на вкочанетоста и болките во зглобовите, а делува поволно и на состојби како остеоартритисот.
Физички придобивки поврзани со употребата на Шведската масажа:
• олабавување на стегнати мускули и истегнување на сврзното ткиво
• ослободување од мускулни грчеви и намалување на заморот на мускулите
• олабавување на зглобовите и подобрување на опсегот на движење
• зголемување на мускулната сила
• смирување на нервниот систем
• стимулирање на циркулацијата на крвта
• зацврстување на мускулите и тонот на кожата
• олеснување на симптомите од здравствени нарушувања како што се астма, артритис, мигрена и др.
• забрзување на исцелување од повреда и болест
• подобрување на работата на лимфниот систем
Менталните придобивки поврзани со оваа масажа вклучуваат:
• ментална релаксација
• подобрување на должината и квалитетот на спиењето
• олеснување на стресот, депресија, вознемиреност и иритација
• зголемена способност за концентрација
• подобрено чувство на благосостојба
Закажете го Вашиот термин на 075 255 925.
28/08/2020