Одличен начин за искористување на слободното време е масажата што многумина ја сметаат како најдобар начин за релаксација на телото и духот. Сепак, масажата не е само време за опуштање. Многу научни истражувања покажаа дека од масажата има многу физички и емоционални бенефити. Масажата е неопходна за секој современ човек, а посебно на оние кои имаат брзо темпо на живот.
Терапијата со масажа е една од најстарите на светот. Се смета дека почетоците се во древната кинеска култура, каде масажата се користела за опуштање на телото после напорната и тешка физичка работа.
Како најпознати бенефити од масажата се следниве: елиминација на стресот, психичко опуштање, подобрување на држењето на телото, подобрена циркулација на крвта, намалување на високиот крвен притисок, опуштање на мускулите, го подобрува дишењето, ја намалува главоболката, го забрзува пост-оперативното оздравување, помага во рехабилитација после повреда на коски или мускулно ткиво, ја намалува болката кај хроничните заболувања и многу други позитивни ефекти.
18/09/2017