Oтсега вежбањето и грижата за вашето тело може да ја надополните со дополнителна нега со професионални масажи и релаксација во луксузно опремениот СПА центар.

389 75 255 925
info@playfitmove.com.mk

КУПИ

ДЛАБИНСКА МАСАЖА

1,800 ден

‘Deep Tissue massage’(длабинска масажа)

Оваа масажа која уште ја нарекуваат масажа на длабоки ткива, е совршена масажна техника за оние кои сакаат посилен притисок и посилни масажни допири. Ги ублажува тетивите и лигаментите, ја подобрува подвижноста и го олеснува ослободувањето на токсините од уморни и преоптоварени мускули. Deep Tissue е вид на длабока, пријатна масажа на ткивата и мускулите. Смирува хронична болка и напнатост во целото тело преку лесни, но длабоки движења и силен притисок. Кога мускулите се во состојба на стрес, протокот на кислород и хранливи материи до ткивата е блокиран. Ова предизвикува воспаление и акумулација на токсини во ткивата, а токму оваа масажа ги релаксира мускулите, ги отстранува токсините, ја подобрува циркулацијата и размената на кислород. Длабинската масажа е особено корисна за хронична напнатост и стегнати области како што е вкочанет врат, болки во долниот дел на грбот и болки во рамената. За разлика од класичната масажа која се користи за релаксација, длабинската масажа обично се фокусира на специфични проблеми, како што се:
• Хронична болка
• Ограничена мобилност
• Опоравување од повреди
• Постурални проблеми
• Болка од остеоартритис
• Фибромијалгија
• Мускулна напнатост или грчеви

Времетраењето на третманот е 60 минути. Закажете го Вашиот термин на 075 255 925.

SKU: 011 Category: Tag:

Description

ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 1 ЧАС

Additional information

Weight 1 kg
Dimensions 10 × 10 × 15 cm