Oтсега вежбањето и грижата за вашето тело може да ја надополните со дополнителна нега со професионални масажи и релаксација во луксузно опремениот СПА центар.

389 75 255 925
info@playfitmove.com.mk

Вежби за истегнување

Сите вежби и активности кои ги прават мускулите и зглобовите пофлексибилни се сметаат за вежби за истегнување.

Постојат повеќе видови на вежби за истегнување и секоја од нив има своја техника на изведување. Вежбите за истегнување се применуваат одвоено за спортски, рекреативни и превентивни цели.

Правилното истегнување ќе ја зголеми Вашата флексибилност и ќе го намали ризикот од повреди при зголемена физичка активност на лигаментите и мускулните ткива. Вежбите за истегнување ги релаксираат мускулите, ја зголемуваат еластичноста на ткивата, ги намалуваат болките.