Oтсега вежбањето и грижата за вашето тело може да ја надополните со дополнителна нега со професионални масажи и релаксација во луксузно опремениот СПА центар.

389 75 255 925
info@playfitmove.com.mk

Кинезитејпинг

Кинезитејпинг е посебна техника со примена на специфични ленти кои овозможуваат поддршка на мускулите без да го ограничат движењето.

Станува збор за еластични ленти кои помагаат во третман на поголем број повреди и воспалителни процеси. Со овие посебни ленти нема ограничување на движењето на мускулите и зглобовите и имаат цел да помогнат во процесот на заздравување.

Помагаат при болка на мускулите и спречуваат создавање оток. Го намалуваат воспалението на тој начин што ја подобруваат циркулацијата на заболеното место.

На ваков начин, болката се намалува, а обемот на движење се подобрува. Лентите покрај тоа што служат за заздравување се користат и како превенција од повреди. Примената на овие ленти е неинванзивна и лесно се аплицираат.