Хидротерапија или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се користи поволното дејство на водата врз севкупната состојба на организмот. Хидротерапијата е докажана како високо-ефикасна форма на природна терапија која го стимулира ендрофинот кој пак помага во контролирањето на болката и намалувањето на притисокот. Вежбите во вода се идеален начин за вежбање на зглобовите и мускулите. Водата им дава поддршка на зглобовите и го намалува притисокот врз нив со што го подобрува движењето и дејствува како отпор за вежбање на мускулите. Смирувачката топлина на водата е идеална за намалување на артритичните болки и вкочанетоста и за подобрување на движењето на зглобовите погодени од оваа болест.
Топлата вода во СПА центарот на Play Fit Move Wellness ја зголемува температурата на телото со што доаѓа до проширување на крвните садови и подобрување на циркулацијата.
Поради широкото дејство на водата, индикациите за примена на хидротерапија се големи.
• При одредени гастроинтестинални заболувања
• При фебрилни состојби
• Респираторни заболувања
• Ревматски болести
• При рехабилитација во ортопедија
• Во третманот по скршеници и други травматски повреди,
• Болки во ‘рбетот
• Пливањето е хирдокинезитерапевтски метод кој игра голема улога во превенција и спречување на развојот на деформитетите на ’рбетниот столб кај децата.
• Невролошки заболувања