ЗА НАШИОТ СПА ЦЕНТАР

Play Fit Move Wellness располага со комплетно опремен СПА простор (базен, турска бања, финска сауна, инфра- црвена сауна, топли кревети), убав, пријатен и релаксирачки амбиент.

Базен

Базенот во СПА центарот на PLAY FIT MOVE Wellness е со должина од 15 метри, длабочина 1,60 метри и идеална температура од 27-30 степени која Ви овозможува да уживате, да се релаксирате и рекреирате.

Базенот нуди најдобри услови за секој посетител, со беспрекорно чиста вода, која што се одржува со најсовремена технологија.

Уживањето во неговите благодети е загарантирано.

Сауна

Сауната е извор на здравје, СПА центарот на PLAY FIT MOVE Wellness располага со финска и инфрацрвена сауна. Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и го ослободува од стресот, престојот во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања. Инфрацрвената сауна овозможува длабинска детоксикацијата на телото и кожата.

Дополнителни бенефити:

  • Сауните значително го подобруваат физичкото и менталното здравје.
  • Честите посети во сауна можат да Ви помогнат да го зајакнете имунитетот.
  • Топлината од сауната ја зголемува циркулацијата со што позитивно влијае на Вашето тело на два начина: ги спречува кардиоваскуларните болести и значително ја зголемува Вашата енергија.
  • Посетите во сауна помагаат за намалување на телесната тежина како и за детоксификација на телото.
  • Топлината од сауната ги шири крвните садови и ја намалува напнатоста во мускулите, па затоа може да се користи за намалување на болките во мускулите, рамената, грбот, вратот и главата.
  • Докажано е дека оние кои редовно посетуваат сауна имаат многу поубав тен, почиста и помека кожа.
  • Сауната има многу позитивен ефект на Вашето ментално здравје – Ве прави повеќе фокусирани, поуспешни и посреќни. Сауните се совршен простор во кои можете да се релаксирате и да го намалите стресот.

Ice Bath

Почувствувајте ги бенефитите на COLD WATER THERAPY!

Терапијата со ладна вода нуди широк спектар на придобивки за физичкото и менталното здравје.
Без разлика дали се користи за закрепнување, релаксација или подмладување, терапијата со ладна вода може да помогне да се подобри циркулацијата, да се намали воспалението, да се зајакне имунолошката функција и да се подобри целокупната благосостојба.

Придобивки од Ice Bath:
✔️ Брзо опоравување на мускулите по тренинг
✔️ Намалување на воспаленија и болка во мускулите
✔️ Подобра циркулација
✔️ Поголема енергија и фокус
✔️ Зајакнување на имунитетот
✔️ Намалување на стрес и подобрување на расположението

Турска бања

Уживањето во турската бања има безброј бенефити за Вашата физичка и ментална благосостојба. Турската бања е погодна за ревитализација на дишните патишта. Водената пареа ги влажни и чисти дишните патишта, ги отвора порите на кожата, поттикнува детоксификација, го подобрува имунитетот и на телото му дава дополнителна енергија. Топлината и влагата обезбедуваат идеална атмосфера за опуштање и релаксација. Стресот и напнатоста на мускулите веднаш исчезнуваат.

Турската бања го освежува Вашиот организам и му дава нов елан и сила. Турската бања е совршен избор за релаксација по стресниот ден и за освежување на Вашиот организам.

*Потребно е да го закажете вашиот термин однапред.