LOYALTY CLUB

Добредојдовте во PlayFitMove Loyalty Club – програма креирана за да ја награди вашата лојалност и континуираното користење на услугите во нашиот велнес центар. Со секоја уплата собирате Loyalty Points, кои подоцна можете да ги искористите за достапни услуги во PlayFitMove.

 

1. Собирање и вредност на Loyalty Points.
За секои 10 денари потрошени на услуги, добивате 1 Loyalty Point.1 Loyalty Point = 1 денар при искористување.
Пример: При уплата од 3.500 денари, добивате 350 Loyalty Points, со вкупна вредност од 350 денари.

 

2. Loyalty Points при промотивни цени и попусти.
Доколку услугата е платена по промотивна цена или со попуст, се доделуваат 50% од Loyalty Points што би следувале според редовната цена на услугата. Ова правило важи и доколку членот веќе користи редовно одобрен попуст или друга поволност за одредена услуга.
Пример: Доколку редовната цена на услугата е 6.000 денари, според редовната пресметка би следувале 600 Loyalty Points. Доколку услугата е искористена со промотивна цена или попуст, членот ќе добие 300 Loyalty Points.

 

3. Минимум за користење на поените.
За да можете да ги искористите Loyalty Points, потребно е да имате собрано минимум 1.000 Loyalty Points.

 

4. За што може да се користат Loyalty Points?
Loyalty Points може да се искористат исклучиво за достапни услуги од понудата на PlayFitMove. Поените не може да се користат за купување производи, како што се: протеини, вода, кафе, барови и други достапни производи. 

Loyalty Points не може да се заменат за готовина.

Loyalty Points не може да се искористат при купување на услуга со промотивна цена или попуст.

 

5. Доплата при користење на поените.
Доколку вредноста на избраната услуга е поголема од вредноста на вашите Loyalty Points, можете да ги искористите поените што ги имате и да ја доплатите разликата.
Пример: Имате 1.500 Loyalty Points, со вредност од 1.500 денари, а сакате услуга во вредност од 2.000 денари. Можете да ги искористите сите 1.500 поени и да доплатите 500 денари.

 

6. Рок на важност на Loyalty Points.
Loyalty Points се собираат и користат во рамките на една календарска година – од 01.01 до 31.12. Сите неискористени поени по истекот на календарската година истекуваат и не се пренесуваат во следната година.

 

7. Награда за континуирано членство.
Нашата програма дополнително го наградува континуитетот.Член кој има 6 последователни месеци активна членарина без прекин добива 1 целосно бесплатна услуга од понудените услуги во велнес центарот.

 

8. Кој може да ги користи поените?
Loyalty Points се лични и се наменети за користење од страна на членот на кој му се доделени. Поените не може да се префрлаат на друго лице или да се исплаќаат во готовина.

PlayFit Move го задржува правото да ги ажурира условите на Loyalty Club програмата.
За сите промени, важат условите објавени на официјалната веб-страница на PlayFitMove.