Функционален фитнес
Индивидуален или тренинг во група. Изборот е Ваш!
Што е функционален тренинг?
– Функционалниот тренинг зафаќа поголем спектар на можности при вежбање и тоа за поширока маса. Функционалниот тренинг може да понуди многу повеќе опции, без разлика дали сте активен вежбач, познаник кон таквата проблематика или првпат почнувате и се соочувате со таков вид физичка активност. Тренинзите се прават од страна на тренерите.
– Овој вид на тренинг е идеален за зацврстување на централниот дел на телото, издржливост, зголемување на брзината, флексибилност, мускулна издржливост, како и засилување на кардиоваскуларниот систем.
-Вежбањето, исхраната и одморот се светата тројка за успешна приказна, без разлика дали сакате да слабеете или да зголемите мускулна маса, на патот кон визуелно обликувано и секако, здраво тело.
-Оптимално време за вежбање е 3-4 пати неделно, преку еден ден, за да има време телото да се рехабилитира и да се подготви за следниот тренинг.
Повеќе информации на 071 377 917 или 075 255 925.