Пред да започнете со рехабилитација потребно е да се направи преглед и процена на пациентот, односно се прави процена на функционалниот статус, односно дали има нарушувања во функционирањето на пациентот, дали постои попреченост и онеспособеност, врз основа на што се прави план и програма за рехабилитација, се ординираат разни физикални агенси, тераписки вежби, работна терапија, терапија во вода, масажа, итн. Исто така, физијатарот препишува ортопедски помагала и лекови, спроведува советување и едукација на пациентите и на членовите на семејството на лицата со онеспособеност, итн.
*Потребно е да го закажете вашиот термин однапред.