Филип Јанковски

Филип Јанковски е дел од нашиот стручен тим, со силна основа во спортот, физиотерапијата и рехабилитацијата на спортисти.

Своето образование го има стекнато на Медицинскиот факултет во Скопје, насока физиотерапија, како и во СМУГС „Панче Караѓозов“ – Скопје, каде ги поставува темелите на своето медицинско и терапевтско знаење.

Покрај едукативната основа, Филип има и 15-годишно активно спортско искуство во кошарка, што дополнително му дава длабоко разбирање за потребите на спортистите и процесите на тренинг, опоравување и перформанс.

Неговото професионално искуство опфаќа работа во повеќе спортски и терапевтски средини:

Физиотерапевт во КК Вардар (мажи) – 2 години
Фитнес инструктор и терапевт во Play Fit Move – 7 години
Работа со рехабилитација и кинезитерапија со спортисти
Спроведување на физикални терапии
Примена на dry needling техника
Индивидуални и групни тренинзи
Кондициона и физичка подготовка на спортисти

Со комбинација од медицинско образование, спортско искуство и долгогодишна практична работа, Филип Јанковски пристапува кон секој клиент индивидуално, со целосен фокус на функционално заздравување, подобрување на перформансите и враќање во оптимална форма.