Виктор Дамчески

Виктор Дамчески е дел од нашиот тим со богато спортско и професионално искуство, изградено низ долгогодишна посветеност на ракометот, фитнесот и спортската едукација.

Тој има завршено средно образование како машински техничар, а во моментот е студент на Факултетот за физичко образование и спорт, каде дополнително го продлабочува своето знаење од областа на физичката подготвеност и тренинг науката.

Својата стручност ја надградува преку повеќе професионални обуки и сертификации, меѓу кои:

Интернационален сертификат за фитнес тренер
ACL семинар за рехабилитација на преден вкрстен лигамент
Anti-Doping едукација
Обука „Основи на Google Ads – стратегии за успешно дигитално рекламирање“

Виктор зад себе има 16-годишна спортска кариера во ракомет, која му донела дисциплина, тимски дух и високо ниво на спортска култура. Во последните 6+ години активно работи како фитнес тренер, каде што го применува своето искуство за подобрување на физичката подготвеност, здравјето и перформансите на своите клиенти.

Со комбинација од спортско искуство, едукација и практична работа, Виктор претставува посветен професионалец кој континуирано работи на унапредување на знаењето и резултатите во фитнес и спортската индустрија.